logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести

whistleblowers-mk.jpg

 

Вести
Покана за прес-конференција ИПК за 2020 година Испечати Е-пошта

ipk_2020.png

 
Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве поканува на прес-конференција на 28.01.2021 (четврток) со почеток во 10:30 часот на која ќе ги презентира наодите од Индексот на Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2020 година.

Прес-конференцијата ќе се одвива онлајн и кон истата можете да пристапите на платформата ZOOM на следниот линк: 


Прочитај повеќе...
 
Зајакнување на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители Испечати Е-пошта
27.01.2021 Документ за јавна политика “Зајакнување на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители во контекстот на политиките за борба против корупцијата” од авторите: Натали Петровска, Емилија Спасовска и Лепосава Огњаноска се осврнува на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители во контекст на политиките за борба против корупцијата, како единствена точка преку која се одвива „влезот“ на кадри во судството и јавното обвинителство. Преку анализирање на позицијата на Академијата во правно-институционалниот контекст, но и остварувањето на дадената улогa, се даваат конкретни препораки за зајакнување и унапредување на нејзината работа.
 
Академијата за судии и јавни обвинители е круцијална алка во интегралниот процес на избор на идни судии и јавни обвинители и има значајна улога за регрутација и обезбедување на стручни, професионални и со интегритет кадри за потребите на судовите и јавните обвинителства. Нејзината работа се одвива во правно-институционалниот контекст на македонскиот правосуден систем чија цел е воведување на систем на селекција и унапредување на судии и јавни обвинители врз основа на принципот на заслуги и квалитет, чијшто дел се и независните тела како Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Реформите во правосудниот систем не би биле одржливи без соодветно подготвени професионални кадри. Законската поставеност на Академијата за судии и јавни обвинители гарантира нејзина независност од извршната власт, но од друга страна пак во составот на нејзините органи е видно влијанието на главните чинители во правосудниот систем.
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Меѓуинституционална соработка на институциите задолжени за борба против корупција Испечати Е-пошта
26.01.2021 Документот за јавна политика “Меѓуинституционална соработка на институциите задолжени за борба против корупција” е подготвен од авторите: Натали Петровска, Емилија Спасовска и Лепосава Огњаноска.
 
Иако нејзините разорувачки ефекти врз демократските институции, економскиот и социјалниот развој се веќе одамна очигледни, борбата против корупцијата дури неодамна стана актуелна тема во меѓународната политика, како и во нашата држава, каде се најде високо на агендата на домашните институции. Доказ дека борбата против корупцијата е повеќеслоен и тежок предизвик е и самата ситуација во нашата држава, каде согласно неодамнешниот извештај на Европската комисија беше потенцирано дека корупцијата сè уште преставува значаен предизвик во Република Северна Македонија, особено во контекст на евроинтегративниот процес. 
 
Предмет на овој документ е проблематиката на меѓуинституционалната соработка и предизвиците и проблемите на кои наидува овој вид соработка во борбата против корупцијата, проследено со примери за успешни модели на соработка во земјите ширум светот, како и препораки и предлози за унапредување на меѓуинституционалната соработка во Република Северна Македонија. 
 
 
 

Прочитај повеќе...
 
Меѓуинституционалната соработка како предуслов за успешна превенција и борба против корупцијата Испечати Е-пошта
21.01.2021 Преку овој документ за јавни политики на авторите Наташа Димова и Јасмина Ристовска   направен е обид да се утврди дали и до кој степен постоењето и соработката помеѓу ДКСК и другите институции/тела влијаат на корупцијата. Поспецифично, прикажана е природата на интеракција помеѓу институциите, дали и како соработуваат институциите, како оваа соработка влијае врз корупцијата и што може да се направи за да се подобри нивната соработка, а со тоа да се придонесе во успешна превенција и борба против корупцијата. Па така, направена е анализа на можните начини или модели на соработка, главните законски акти и стратегии со кои е предвидена меѓусебната соработка, оценките на Европската Комисија (ЕК) за воспоставената соработка и преглед на показателите за корупција, итн. 
 
 
 
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 8 од 297
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани